На 07.05.2023 во 21.40 часот во гостиварски Градец, полициски службеници на СВР Тетово- Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 29-годишниот Б.Х. од ова село.
Тој се сомничи дека околу 20.00 часот во спортска обложувалница во селото со закана со остар предмет одзел пари од вработените и оштетил дел од инвентарот во објектот.
Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот против него ќе следува поднесок.