петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен разбојник во Скопје, оперирал на Бит пазар- кај него пронајдени нож и пари

Приведен разбојник во Скопје, оперирал на Бит пазар- кај него пронајдени нож и пари

Денеска (05.01.2023) околу 19 часот во близина на трговски центар на подрачје на Бит пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.М. постапувајќи по претходна пријава околу 18 часот дека едно лице со закана со нож одзело пари од вработен во објект во трговскиот центар.

Кај Р.М. се пронајдени ножот и парите и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.