На 17.11.2020 во 22.30 часот полициски службеници од Единицата за внатрешни работи, Одделение за криминалистички работи Карпош на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода И.Р.(30) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „разбојништво“ извршени во продажни објекти, игротека и аптека на подрачјето на Шуто Оризари и еден обид за разбојништво во аптека на подрачјето на Карпош.
При извршен разговор, приведениот ги признал споменатите кривични дела, казниви по член 237 од Кривичниот законик, а се работи на расчистување и на други кривични дела, по што против И.Р. ќе биде поднесен соодветен поднесок.