На 07.05.2022 во 10.35 часот на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР Карпош – Одделение за криминалистички работи Карпош го лишиле од слобода И.И.(45) од Скопје. Тој се сомничи дека на 03.05.2022 извршил разбојништво во аптека на бул.„Партизански Одреди“.
Против него биле обезбедени докази и тој бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.