На 07.10.2020 во периодот од 06:00 до 07:30 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Скопје извршиле претрес во домот и други простории на лицето Н.Б.(51) од с.Копаница, скопско.
При претресот биле пронајдени и одземени 20 куршуми калибар 9 мм наменети за полуавтоматски и автоматски пиштоли и еден пиштол.
Н.Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.