На 09.12.2020 околу 23.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода М.Ј.(50) од с.Пирок, тетовско бидејќи во угостителски објект во негова сопственост во с. Пирок, имало гости и работел по дозволеното време, односно не ги почитувал мерките за справување со ширењето на коронавирус.
По целосното документирање на случајот на М.Ј. ќе му биде изготвен соодветен поднесок за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик.