сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен тинејџер од струмичко, се заканувал и украл пари

Приведен тинејџер од струмичко, се заканувал и украл пари

На 03.08.2023 во 01:00 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода К.Ц.(19) од село Василево, струмичко.

Тој се сомничи дека на 02.08.2023 година околу 21:30 часот во Струмица со закани од А.А.(54) одзел пари.

К.Ц. бил задржан во полициската станица Струмица, за случајот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово целосно документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.