вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведена битолчанка, одземениот златен накит вратен на сопственикот

Приведена битолчанка, одземениот златен накит вратен на сопственикот

Денеска (19.12.2022) во Битола, полициски службеници од Криминалистичката полиција при СВР Битола ја лишиле од слобода Б.П.(37) од Битола.

Таа се сомничи дека 17.12.2022 извршила кражба во златарница во Стара чаршија во Битола. Во службен разговор во полициска станица Б.П. го признала делото, а одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот.

По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.