На 25.05.2022 во периодот од 01 до 02 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар извршиле акциска контрола во угостителски објект во гостиварско Неготино, сопственост на С.Т.(22) од истото село.
Притоа, во објектот била затекната Б.З.(46) од Република Косово, која била приведена поради злоупотреба на престојот.
Таа била задржана за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.