четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведена жена: Сакала да изврши кражба, но не успеала

Приведена жена: Сакала да изврши кражба, но не успеала
илустрација

На 15.09.2023 во 21:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ја лишиле од слобода Џ.С.(35) од Виница.

Таа се сомничи дека околу 21:30 часот се обидела да влезе во куќа во село Тимјаник, неготинско, со цел да изврши кражба.

Лицето било приведено во ОВР Неготино и по целосно документирање на случајот против нејзе ќе биде поднесена соодветна пријава.