На 18.11.2022 во 14:05 часот во населба Дреновец-Порој во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.Б.(23), А.Л.(19), Д.С.(18) и Д.Р.(18), сите од Тетово, затоа што во нивна непосредна близина била пронајдена и одземена марихуана, која ја фрлиле откако ги забележале полициските службеници.
Исто така, при нивен преглед, кај Б.Б. бил пронајден метален боксирач. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.