На 24.09.2021 во 13:20 часот во близина на Железничка станица во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Ш.Т.(18) и А.М.(18), двајцата од Тетово.
Приведени се затоа што кај нив била пронајдена марихуана.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.