На 11.05.2022 околу 12:40 часот од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи ги лишија од слобода К.Г.(26) и Ф.М.(21), двајцата од с.Стајковци, скопско.
При преглед во патничко возило “мерцедес”, со скопски регистарски ознаки, извршен на паркинг простор на подрачјето на Гази Баба во кое се затекнати двете лица, пронајдени се и одземени две кутии со куршуми 7.62 мм.
Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.