вторник, 2. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Приведени крадци од гостиварско, следува пријава

Приведени крадци од гостиварско, следува пријава

Полициски службеници на СВР Тетово- Полициско одделение Галате, денеска (3 септември) околу 11.30 часот ги лишиле од слобода Ј.М.(18) и А.Ш.(28), двајцата од гостиварското село Добридол.

Тие се сомничат дека минатиот и овој месец извршиле неколку кражби во објекти во села во регионот на Врапчиште и одзеле пари и други предмети.

Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случаите, по што ќе им бидат изготвени соодветни пријави.