недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Продавал хероин – поднесена кривична пријава против 33. годишник од Кавадарци

Продавал хероин – поднесена кривична пријава против 33. годишник од Кавадарци

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против М.М.(33) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривичнo делo „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Пријавениот, на 27.06.2020 на ул.„Западен булевар“ во Кавадарци на И.П. од Кавадарци му продал хероин, а при преглед кај пријавениот, исто така, бил пронајден и одземен хероин.