СВР Велес – Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје поднесе кривична пријава против Б.Д.(24) од село Долно Јаболчиште, општина Чашка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
На 11.09.2022 на свадбена веселба село Горно Јаболчиште, пријавениот од автоматска пушка испукал повеќе куршуми, за што била пуштена снимка на социјалната мрежа Фејсбук.