Пукање во близина на угостителски објект на улица „Самоилова“ се случило предмалку, дознава Курир.
Како што дознаваме, крај објектот во близина на Кале имало пукотници во кои, според неофицијални информации има две жртви и повредени лица.
Извори на Курир од лице место велат дека на терен се присутни голем број полициски екипи.
Наскоро очекуваме повеќе информации од МВР