Утрово околу осум часот жителите на скопската населба Капиштец во близина на локацијата позната како Млечен ресторан биле разбудени и вознемирени од пукотници.
Во пукањето едно лице е убиено. Од Министерството за внатрешни работи најавени се детели за пукањето од кое граѓаните се вознемирени утрово. За сега не е познат идентитетот на жртвата, објави МКД.мк.
Од МВР повеќе детали најавуваат за подоцна во текот на денот.
Според информациите на МКД.мк пукотницата се случила пред казино околу кое има и многу други дуќани во кои жителите од овој дел на Скопје токму рано наутро одат да ги испазарат секојдневните намирници.
Во 08.05 часот во казино лоцирано на бул.„М.Т.Гологанов“ кај Млечен ресторан во Карпош пријавено е пукање, при што Н.А. (46) од с.Арачиново подлегнал на повредите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот дознава 24 инфо од полициски извори.