недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пукање во скопско: Приведено едно лице

Пукање во скопско: Приведено едно лице

На 08.10.2023 околу 18.35 часот во село Цветово, скопско, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода А.Б.(45) од с.Цветово.

Пријавениот од пиштол испукал повеќе куршуми во воздух. Кај него бил пронајден и одземен пиштол „Глок-17“ со празна рамка, а на местото биле пронајдени 16 чаури.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.