четврток, 8. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Пукање кај Поликлиника Чаир- полицијата пронашла 8 чаури

Пукање кај Поликлиника Чаир- полицијата пронашла 8 чаури

Во СВР Скопје на 27.02.2021 во 01.30 часот било пријавено дека околу 01.25 часот на паркингот позади Поликлиника Чаир, на ул.„Втора македонска бригада“, едно лице го нарушило јавниот ред и мир со пукање од огнено оружје.

Полициски службеници извршиле увид на местото, при што пронашле осум чаури.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.