недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Пукање во Козле: Едно лице приведено- еве ја причината

Пукање во Козле: Едно лице приведено- еве ја причината

На 4 јуни 2019 година во 00.25 часот во СВР Скопје Ф.Ш.(38) и неговиот брат Р.Ш. (36) од Скопје пријавиле дека на улицата „Козле-1“ нивниот сосед Ќ.Р.(56) по претходна вербална расправија, поради тоа што не им дозволувал да поминуваат преку улицата за да стигнат до нивниот плац, извадил пиштол и во воздух испукал неколку куршуми.

Повредени лица нема.

Ќ.Р. е приведен во полициска станица за понатамошна постапка.