недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Пукање во Скопје: Две лица повредени, итно пренесени во болница

Пукање во Скопје: Две лица повредени, итно пренесени во болница

Во СВР Скопје од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ вчера во 17.15 часот било пријавено дека од спортска обложувалница во населбата Топанско Поле биле донесени А.Н.(39) и А.Б.(45), повредени од огнено оружје.

Според пријавеното, едно лице, поради претходно недоразбирање со А.Н. и А.Б., вработени како приватно обезбедување во обложувалница на ул.„Втора македонска бригада“, со пиштол испукало неколку проектили кон нив.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.