недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Пукано кон двајца браќа пред зграда во Чаир

Пукано кон двајца браќа пред зграда во Чаир

Двајца браќа за малку ќе настрадале пред зградата во која живеат во Чаир.

„На 06.08.2021 во 06.40 часот во Полициската станица Бит Пазар, Џ.И.(43) од Скопје пријавил дека Н.М.(34) од Скопје испукал неколку куршуми кон него и неговиот брат Т.И. пред влезот од зградата каде живеат на подрачјето на Чаир, но не ги повредил. Полициски службеници излегле на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информира МВР.