сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пукотници во Арачиново, проектили по расправија

Пукотници во Арачиново, проектили по расправија

На 06.11.2020 околу 23:40 часот, А.Х.(43) од с.Арачиново пријавил дека во с.Арачиново, додека бил со С.Х., биле пресретнати од Ш.М. и Ф.М., со кои претходно имале вербална расправија, по што Ф.М. физички го нападнал С.Х., а заедно со Ш.М. испукале неколку проектили кон А.Х. и С.Х.

Повредени лица нема, а полициски службеници излегле на местото на настанот, каде пронашле чаури кои биле подигнати за вештачење. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.