понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Расчистена кражба во Скопје, приведена скопјанка

Расчистена кражба во Скопје, приведена скопјанка

На 26.04.2023 во објект на ул.„Даме Груев“ во Скопје, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕЦР Центар и Бит-Пазар ја лишиле од слобода Ж.С.(49) од Скопје.

По преземени мерки и активности било утврдено дека таа на 17.02.2023 во продажен објект на бул.„Никола Карев“ одзела личен предмет од С.Л.(32) од Скопје. Ж.С. била задржана во полициска станица и во службен разговор го признала делото. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот.

По целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.