среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Расчистена тешка кражба, следува кривична пријава против 3 лица

Расчистена тешка кражба, следува кривична пријава против 3 лица

На 12.02.2022 полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Кисела Вода при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Р.(24) од Скопје.

За него била распишана потерница со која се барал поради извршено кривично дело „тешка кражба“, пријавена на 07.02.2022.

Тој заедно со малолетник и со Д.К.(19) од Скопје од фирма одзеле повеќе различни предмети, кои биле пронајдени кај осомничените и ќе бидат вратени на сопственикот.

Против тројцата ќе следи кривична пријава по чл.236 од Кривичниот законик.