Полициски службеници од СВР Битола расчистија кривично дело тешка кражба, извршено од двајца малолетници од Битола на 09.04. од автобус марка “мерцедес”со битолски регистарски ознаки, сопственост на фирма за превоз.
Од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола малолетниците во присуство на родителите и претставници од Центарот за социјални работи се повикани на разговор, при што во целост го признале кривичното дело. Одземеното е вратено на сопственикот, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.