Непознат сторител насилно влегол во црквата „Свети Никола“ во с.Пожаране-гостиварско и украл ситни пари во вредност од 800 денари.
На 07/08.12.2018 година во времето од 15 до 9 часот во с.Пожаране-гостиварско, во црквата „Свети Никола“, непознат сторител со тврд предмет насилно ја отворилвлезната врата и од олтарот и од масата одзел ситни пари во вредност од 800 денари, по што го напуштил местото на настанот.
Извршен бил увид од страна на увидна екипа од Полициската станица Гостивар. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.