понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Санкционирани 154 возачи на мотоцикли, четири мотоцикли одземени

Санкционирани 154 возачи на мотоцикли, четири мотоцикли одземени

Во периодот од 10.10.2022 до 16.10.2022 спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 154 возачи.

Од нив, 86 не користеле заштитна кацига за време на возење, 34 возеле без возачка дозвола, четири мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.