На 07.02.2023 во 11.55 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Т.Т.(41) од Куманово.
Тој се сомничи дека измамил 31-годишен жител од Липково за сума од 400 евра. Имено, откако се договориле дека ќе му изгради куќа, ги зел парите и веќе не се појавил.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.