На 06.05.2022 во 21.10 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека на ул.„Кочо Рацин“ во Свети Николе се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фиат пунто“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од Х.А.(21) од с.Горобинци, светиниколско и мопед со радовишки регистарски ознаки, управувано од малолетник од Свети Николе.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот и уште еден малолетен сопатник констатирани во Клиничката болница во Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.