четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Се судрија камион и „Фиат Пунто“ во Охрид- со брза помош веднаш била пренесена во Скопје

Се судрија камион и „Фиат Пунто“ во Охрид- со брза помош веднаш била пренесена во Скопје

На 23.05.2019 година во 00.00 часот на крстосница од улиците “Железничка“ и “Кленоец“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „Сканија“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Ј.(57) од Битола и патничко возило „Фиат Пунто“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(32) од Охрид.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.И.(30) од Охрид, сопатничка во возилото „Фиат Пунто“. Со возило на Итна медицинска помош таа била пренесена во болницата во Охрид каде и била укажана лекарска помош, по што била префрлена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид. Се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.