петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Се судрија маж со мопед и малолетен велосипедист, двајцата се повредени

Се судрија маж со мопед и малолетен велосипедист, двајцата се повредени
илустрација

На 18.10.2023 во 14.00 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Охридска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „априлија“ со битолски регистарски ознаки, управуван од М.М.(42) од Битола и велосипед кој го управувал малолетник од Битола, информира МВР.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, а М.М. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.