петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Се судрија три возила, тешко повредена скопјанка

Се судрија три возила, тешко повредена скопјанка
илустрација

На 25.10.2023 во 13:35 часот било пријавено дека во Скопје на  ул.„Александар Урдаревски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(30) од Скопје, патничко моторно возило „поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(49) од Скопје и патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.К.(26) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Т. , констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.