сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Седум лица повредени во сообраќајка на патот Струмица – Ново Село, меѓу нив и две деца

Седум лица повредени во сообраќајка на патот Струмица – Ново Село, меѓу нив и две деца

Седум лица од кои двајца малолетници се повредени во сообраќајна несреќа која околу 1 часот по полноќ се случила на магистралниот пат Струмица – Ново Село, делница од с.Босилово-с.Турново.

Во несреќата, информира МВР учествувале автомобил „мазда’’ управуван од О.С.(45) од с.Старо Балдовци, струмичко и „бмв х3’’ управувано од В.Џ.(45) од с.Градско Балдовци, струмичко.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „мазда“, А.А.(25) од с.Старо Балдовци кој бил сопатник во возилото „мазда“ и В.Ј.(33) од с.Градско Балдовци, сопатничка во возилото „бмв“.  Додека со телесни повреди се здобила В.Џ., малолетен сопатник во возилото „мазда“, С.И.(42) од с.Градско Балдовци – сопатничка во возилото „бмв“ и малолетна сопатничка во возилото „бмв“ од с.Градско Балдовци, информира МВР.

Сите повреди кај лицата биле констатирани во болницата во Струмица, а полицијата извршила увид на местото на несреќата.