Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против И.Ј.(39) од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка“.
Во периодот од март до октомври 2022 година, пријавениот набавил банкарски податоци од дебитна платежна картичка на неговиот татко, по што преку интернет извршил 39 успешни трансакции кон повеќе домашни правни лица.
Со тоа го оштетил за износ од 74.465 денари.