Вистинска семејна драма се случувала вчера во скопско Љубин кога Е.Б. (46) од пријавил дека од страна на неговиот внук Е.Б. (19) му била загрозена сигурноста.
-Според кажувањето на пријавителот, истиот ден преку Вибер, Е.Б. му испратил пораки со закана дека ќе го убие него и неговото семејство доколку не му ја даде неговата 17 годишна ќерка. Претходно, на 14.02.2018 година околу 23,50 часот му се јавил неговиот братучед А.Б. и го предупредил да внимава затоа што неговиот внук избегал од домот. Тој избегал откако дознал дека пријавителот ја верил неговата ќерка и бил револтиран затоа што бил во љубовна врска со неа, информираат од МВР.
Пријавителот, исто така, појаснил дека внукот Е.Б. на 31.12.2017 година ја зел неговата ќерка и два дена биле заедно во хотел во Тетово без негова дозвола, а бидејќи не знаел каде е ќерка му тој ја пријавил за изчезната во Полициската станица.