На 19.06.2023 во 14.00 часот и на 20.06.2023 во 04.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Ј.Д.(31) од Струмица и С.Д.(50) од с.Три Води, струмичко. Тие се сомничат дека на 19.06.2023 околу 05.00 часот со употреба на сила и тврди предмети влегле во куќата на С.Н.(64) од с.Три Води, физички го нападнале и му одзеле пари. Двајцата биле задржани во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор. За настанот бил запознаен јавен обвинител и по негово расчистување и документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 19.06.2023 во 22.20 часот на подрачје на Аеродром, полициски службеници го лишиле од слобода В.П.(39) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 19.06.2023 во 14.40 часот на подрачје на Гази Баба, полициски службеници го лишиле од слобода А.М.(45) од Тетово затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 20.06.2023 околу 03.30 часот на улица „Борче Јовановски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 51-годишниот гостиварец Ф.С. затоа што кај него бил пронајден и одземен кокаин. Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
На 19.06.2023 околу 12.30 часот на улица „Видое Смилевски – Бато“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода малолетник од Добарце затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе следува поднесок.
На 19.06.2023 во 10.30 часот на граничен премин „Долно Блаце“, полициски службеници го привеле E.Г.(30) од Косово затоа што при гранична контрола било констатирано дека на увид приложил косовска лична карта на друго име. Лицето било предадено на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции при Регионалниот центар за гранични работи Север за понатамошна постапка.
На 19.06.2023 во 16.45 часот на регионалниот пат Маврово-Дебар, кај место викано „Бошков мост“, полициски службеници од Полициската станица Жировница го привеле П.Е.(52) од Република Албанија затоа што по извршена контрола било констатирано дека непријавено престојува во државата. Лицето било предадено на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Дебар за понатамошна постапка.