петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Шест годишно дете тешко повредено откако било удрено од автомобил, возачот избегал

Шест годишно дете тешко повредено откако било удрено од автомобил, возачот избегал

Шест годишно дете се здобило со тешки повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 15:25 часот.

Од полицијата информираат дека Д.В. пријавила дека на паркингот пред езеро Треска непознато патничко возило удрило во шестгодишно дете од Скопје и го напуштило местото.

-Со друго возило детето било пренесено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди, велат од МВР.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување  на случајот.