На 30.10.2021 во 18.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Скопје, на место викано „Голубова куќа“, атар на с.Љубодраг, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(50) од с.Матејче и патничко моторно возило „форд“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Ј.А.(65) од с.Никуштак.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „ауди“ З.И.(65) од с.Матејче, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатниците од двете возила В.А.(21) од с.Ропаљце, А.А.(62) и Ќ.А.(63), двајцата од с.Никуштак, констатирани во Општата болница Куманово, информира МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.