недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Шест лица повредени во сообраќајна несреќа кај Могила

Шест лица повредени во сообраќајна несреќа кај Могила

На 22.11.2022 во 17.00 часот во СВР Битола било пријавено дека на магистралниот пат, кај клучка Могила, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Н.(54) од Прилеп и патничко возило „рено“ со битолски регистарски онаки, управувано од Д.Н.(21) од Битола.

-Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил В.Т.(56) од Битола, сопатник во патничкото возило, констатирани во Градската болница Прилеп. Додека со телесни повреди се здобиле сопатниците во возилото – З.З.(54), С.А.(54), П.С.(57), Б.К.(66) и Н.Н.(56), сите од Битола, информира МВР.

Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.