сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Штипјанка тешко повредена кога со автомобилот излетала од автопат

Штипјанка тешко повредена кога со автомобилот излетала од автопат

Патничко моторно возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.А.(66) од Штип излетало од коловозот на сервисна улица која регионалниот пат Скопје – Свети Николе го поврзува со автопатот Скопје – Штип.

Несреќата се случила вчера околу 17 часот, а во неа со тешки телесни повреди се здобила Т.А., а со телесни повреди се здобиле двајца сопатници М.С.(71) и Ц.С.(70) од Штип, кои се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.