среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

СИ ЛИЧЕЛЕ: Му ја задржал личната карта на пријател и од банка си подигнал 50.000 денари

СИ ЛИЧЕЛЕ: Му ја задржал личната карта на пријател и од банка си подигнал 50.000 денари

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Д.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци”.

-Пријавениот неовластено задржал лична карта на негов пријател и искористувајќи ја физичката сличност со него и претставувајќи се во негово име, на шалтер во филијала на банка во општина Бутел од неговата трансакциска сметка подигнал 50.000 денари, информира МВР.