ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Б.М.(24) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотички дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
При преглед на патничко возило „алфа ромео“, со скопски регистарски ознаки, што го управувал пријавениот на магистралниот пат Кичево-Охрид, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана.