ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.А.(27) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
При преглед на патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, паркирано во кичевското село Другово, во кое тој се наоѓал, полициските службеници пронашле марихуана.