вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Скопјанец фатен со дрога во Стар Дојран

Скопјанец фатен со дрога во Стар Дојран

Одделението за внатрешни работи Гевгелија поднесе кривична пријава против А.А.(35) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 22.08.2020 во 21,00 часот, при вршење на работни задачи од страна на полициски службеници при Одделение за внатрешни работи Гевгелија, во близина на градското шеталиште во Стар Дојран при извршен преглед во паркирано патничко возило „бмв “ сопственост на А.А. била пронајдена и одземена марихуана, мешавина од марихуана и тутун и дробилка со остатоци од марихуана.