понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Скопјанец и две малолетни лица искасани од кучиња скитници

Скопјанец и две малолетни лица искасани од кучиња скитници

Во текот на вчерашниот ден, 44-годишен скопјанец и две малолетни лица биле искасани од кучиња скитници.

Во 16.15 часот во Полициска станица Центар К.Ј.(44) од Скопје пријавил дека во Градскиот парк во Скопје во близина на угостителски објект бил каснат од куче скитник.

Во 16.30 часот во Полициска станица Чаир Ј.П.(46) од Скопје пријавила дека нејзиниот малолетен син на ул. Радишанска бил каснат од куче скитник.

Во 08,40 часот во Полициска станица Битола А.Ф.(72) од Битола пријавил дека неговата малолетна внука на бул. 1-ви Мај во Битола била касната од куче скитник.