На 10.02.2022 во 11:47 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на ул.„Китка“ бил пронајден починат Г.П.(48) од Скопје, соопштија од МВР.
Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено за обдукција.