вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Скопјанец обвинет за кражба од службено возило на АД МЕПСО

Скопјанец обвинет за кражба од службено возило на АД МЕПСО

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, на 24.11.2019 година, го скршил предното стакло од возачката врата на автомобил „Мицубиши“, сопственост на АД МЕПСО, паркирано пред станбена зграда на булеварот „Јуриј Гагарин“ во Скопје.

Од автомобилот обвинетиот одзел лаптоп компјутер и други предмети во вкупна вредност од 62.200 денари.

Поради опасност од бегство, а особено имајќи го предвид фактот дека обвинетиот претходно повеќепати е осудуван за голем број кривични дела од имотен карактер, надлежниот јавен обвинител на Основниот кривичен суд Скопје му предложи да ја продолжи определената мерка притвор.