На 16.06.2022 во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Лазар Поп Трајков“ и ул.„Вамбел“,Д.Ж.(62) од Скопје, управувајќи мопед со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.